Ракомет

Фаворитите според планот: Високи победи за Ѓорче Петров, Металург Автокоманда и Чаир

Сподели
Сподели

Високи и убедливи победи за фаворитите во рамки на 8. коло од плеј-офот на женската ракометна Суперлига, во натпревари кои се одиграа во саботата.

Шампионот и лидер Ѓорче Петров со 29:21 лесно стигна до победа против Вардар. На полувреме резултатот беше 15:9, а во вториот дел „лавиците“ одиграа само на рутина.

Најдобри кај Ѓорче Петров беа Ана Вранчиќ и Ивана Дежиќ со по шест реализации, а кај Вардар со по четири гола се истакнаа Марија Голабоска и Леона Миленковска.

Металург Автокоманда на домашен терен однесе висока победа со седум гола разлика односно 27:20 против Куманово. Во првиот дел домашниот тим имаше предност од четири гола на полувреме кога резултатот беше 13:9, па во вториот дел разликата се зголеми на плус седум за конечни 27:20.


Јана Ѓошевска со седум реализации беше најдобар кај Металург Автокоманда, а ја следеше Марија Јанкуловска со седум гола.

Кај екипата на Куманово најмногу се истакна Сузана Зечевиќ која имаше осум реализации.


Чаир беа проблеми стигна до нова победа откако на домашен терен го доби Астибо со резултат од 32:27, а на полувреме резултатот беше 19:10.

Најдобра кај Чаир беше Стефанија Ѓеоргиевска која имаше 12 погодоци, додека пак кај Астибо Марија Анчева постигна 15 гола, но беа доволни за победа на нејзиниот тим.

Во рамки на 2. коло на плеј-аутот од женската Суперлига, екипата на Шампион доживеа вистински потоп откако беше поразена со 20:40, Пелистер со 31:20 го декласираше тимот на Овче Поле од Свети Николе, а пак Стружанка дома беше поразена од Спартак со 15:24.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Поранешниот селектор на Македонија Игор Ангеловски- Мрме го носи Таџикистан во финалето на Кралскиот куп!

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски – Мрме, заедно со своите помошници Милан Илиевски и Иван Јовановски, обезбедија пласман во финалето...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Поврзани написи
Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ...

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи...

Ракомет

Четири бода предност или израмнување: Вардар и Алкалоид пред дерби што го менува врвот

Вардар влегува во десеттото коло од ракометната Суперлига со девет победи од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!