Трета лигаФудбал

Три екипи ќе водат неизвесна и рамноправна борба во Трета лига – Југ за баражот за Втора лига

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Третата фудбалска лига – Југ ќе биде еден од неизвесните региони каде ќе се води голема борба на фудбалските терени за бодови во битката за првото место кое води во баражот за можен влез во Втората лига.

Три екипи ќе водат неизвесна борба за првото место, а тоа ќе понуди неизвесна пролет кога е во прашање Трета лига – Југ. Лидерот Големо Коњари, второпласираниот Башкими 2008 и третопласираниот Превалец ќе ја водат таа пролетна борба.

Овие три екипи се одвоија во трката за шампионскиот пехар, лидерот Големо Коњари е на врвот со 32 бодови на своето конто, Башкими 2008 е на второто место и има 31 бод, а пак Превалец кој е трет има 28 бодови.

Големо Коњари до крајот зависи сам од себе, најтежок меч за лидерот ќе биде дербито со Башкими 2008, откако со Превалец одигра 1:1 во рамки на 15. коло, а Превалец ќе треба да игра исто така и со Башкими 2008.

Секоја екипа до крајот нема право на грешка, неизвесноста е голема, а тоа ќе понуди интересен фудбал на Југот. Како што е познато шампионите во Трета лига немаат директен влез, мораат да играат бараж за влез во Втора лига, а во баражот се сите шампиони во Трета лига плус екипата која ќе заврши на 14. место во Втора лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија се собра и ги започна подготовките за мечевите со Лихтенштајн и Велс

После големата трагедија која се случи во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, репрезентативците на Македонија денес се собраа во Скопје на...

Останато

Новак Ѓоковиќ искажа сочувство за големата трагедија во Кочани

По големата трагедија која се случи во Кочани, каде што по пожарот во дискотеката животот го загубија најмалку 59 лица, најдобриот тенисер на...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Игор Ѓорѓиев најдобар стрелец во Трета лига – Исток, кои играчи може да го стигнат?

Изминатиот викенд беше отворен пролетниот дел на Трета лига – Исток со...

ИнтернационалциФудбал

Натпреварите во српската Суперлига започнуваат со минута молк поради трагедијата во Кочани

Натпреварите од 28. коло на српската Суперлига започнуваат со минута молк поради...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!