Трета лигаФудбал

Џепчишти триумфираше над Речица со три гола, минимална победа за Камјани против Дрита во Боговиње!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Вчера со два натпреварите се отвори 14. коло на Трета лига – Запад, каде екипата на Камјани со минимални 0:1 ја доби Дрита во Боговиње со голот на Шкљзен Османи во 65. минута.

Екипата на Џепчишти со 3:1 беше сигурна и убедлива против Речица. резултатот беше отворен во 8. минута со голот на Арлид Алији, а со минимални 1:0 заврши првиот дел.

Во вториот дел Арсим Зубери погоди за 2:0 во 50. минута, а четири минути подоцна Арѓент Зибери постигна гол за 2:1 и се врати во борба барем за бод. Победата за домашниот тим ја потврди Беким Садики во 94. минута од 3:1.

Денешните натпревари како големото дерби меѓу Тетекс и Влазерими, Зајази со Велазерими Слатино, Доброшти против поранешниот прволигаш Ренова и Вардар во Брвеница против Љуботен се одложуваат поради големата трагедија која се случи во Кочани.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

Трета лигаФудбал

Речица не допатува – кичевски Напредок добива службени три бода

Воведниот меч од 13. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!