Прва лигаФудбал

Станува многу неизвесно за опстанок во Прва лига, Силекс е на минус два од лидерот Шкендија

Сподели
ФОТО: ФК Беса
Сподели

На девет кола до крајот во Првата лига станува многу неизвесно за опстанок во елитата, а ќе биде неизвесно и во тркат аза титулата.

Шкендија е на врвот со 50 бодови, а на минус два е Силекс кој е втор со 48 бодови. Работнички е на третото место со 45 бодови, а бод помалку има Гостивар кој е на 4. место со 44 бодови, а пак шампионот Струга Трим Лум е на 5. место со 38 бодови и стружани веќе како да го губат посериозно чекорот за одбрана на титулата.

Во средина е сигурен Шкупи со 31 бод, но тимот од Чаир кој имаше неверојатна победничка серија сега влегува во резултатска криза со три порази во низа.

На седмото место е Пелистер со 29 бодови и битолчани веќе се зацврстуваат во средината на табелата.

Вардар е на осмото место со 22 бодови, а потоа следуваат Тиквеш, Брера Струмица и Беса со по 21 бод, а на дното е Воска Спорт со 19 бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ШКЕНДИЈА АД 24 14 8 2 39 19 +20 50
2 ФК СИЛЕКС АД 24 14 6 4 41 15 +26 48
3 ФК РАБОТНИЧКИ АД 24 12 9 3 29 13 +16 45
4 КФГ ГОСТИВАР АД 24 11 11 2 31 13 +18 44
5 ФК СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ АД 24 11 5 8 30 30 0 38
6 ФК ШКУПИ-1927 АД 24 9 4 11 35 32 +3 31
7 ФК ПЕЛИСТЕР АД 24 7 8 9 14 23 -9 29
8 ФК ВАРДАР АД 24 5 7 12 20 33 -13 22
9 ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци 24 4 9 11 12 23 -11 21
10 ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД 24 5 6 13 25 41 -16 21
11 ФК БЕСА 1976 АД 24 5 6 13 20 37 -17 21
12 ФК ВОСКА СПОРТ АД 24 4 7 13 22 39 -17 19

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!