Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бафто ќе го суди супер-дербито меѓу Љуботен и Тиверија Брера, Пројковска ќе го суди градското дерби во Битола!

Сподели
Сподели

Во недела на програмата ќе бидат натпреварите од 17. коло на Првата женска фудбалска лига, а кое коло ни го носи и големото дерби меѓу шампионот Љуботен и лидерот Тиверија Брера, директно супер-дерби кое ќе решава за титулата, а кое се игра во Тетово.

Тиверија Брера е на врвот од табелата со 38 бодови, а пак Љуботен е на второто место со 37 бодови и повеќе од сигурно е дека ќе има голема борба на теренот за трите бодови.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпреварите, а дербито на колото ќе го суди Батмир Бафто од Охрид, негови помошници ќе му бидат Елена Соклевска Илиевска од Скопје и Мишо Ѓорѓиески од Охрид.

Дербито во Тетово ќе започне во 15 часот.

Истатов на домашен терен како фаворит ќе се соочи против екипата на Ас Јунајтед која ќе бара излез од резултатската криза, но во Пржино ќе биде тешко да се освојат бодовите. Истатов предводен од Кирил Изов атакува на шестиот сезонски триумф.


Правдата на овој дуел ќе ја дели Бењамин Ќерими од Скопје, а негови помошници ќе бидат Татјана Ивановска од Куманово и Цветанка Савеска од Јегуновце, а мечот ќе започне во 11:30 часот.

Во Битола ќе се игра градското дерби меѓу Топ Гол и Атлетико, дерби на две екипи кои го делат шесттото место на табелата со по 11 бодови и атакуваат на три бодови.

Двете екипи се засилени, а Атлетико се засили и со две фудбалерки од редовите на Топ Гол, Анита Гоцевска и Сандра Триста кои пристигнаа од лутиот ривал.


Повеќе од сигурно е дека мечот кој ќе се игра на „Павел Шатев“ ќе биде вистинско и големо Градско дерби, а на кое правдата ќе ја дели нашата најдобра меѓународна судијка Ивана Пројковска од Скопје. Нејзини помошници ќе бидат Ангела Домазетовска од Битола и Тамара Цветановиќ од Скопје.

Градското дерби во Битола е започне во 16:00 часот.

Речица на домашен терен ќе има тежок и неизвесен меч против фаворитот Скопје, каде домашниот тим и со бод би бил задоволен во трката да го избегне претпоследното место кое води кон баражот за опстанок во Првата лига.

Екипата на Скопје доаѓа како фаворит и ќе атакува на деветтата сезонска победа.


Драган Стевковски од Велес ќе биде главен судија на мечот, а негови помошници ќе му бидат Радмила Неркова и Славче Шоповски од Велес.

Овој натпревар ќе започне во 11:30 часот.

Во рамки на 17. коло слободна ќе биде екипата на Каменица Саса.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!