Втора лигаФудбал

Дури девет фудбалери го пропуштаат 21. коло на Втората лига поради пет жолти картони!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Поради акумулирани пет жолти картони девет фудбалери од седум екипи го пропуштаат 21. коло на Втората лига.

Поради жолти картони овој викенд односно в недела нема да игра фудбалерот на Башкими, Хебиб Саити на мечот со Вардар Неготино, Христијан Торнески кој настапува за Новаци нема да игра против Беласица, а пак за струмичани поради пет жолти картони нема да игра Мирче Стоилов.

Брегалница на дуелот против Скопје на домашен терен ќе биде без Горан Томовски, Каменица Саса на гостувањето кај Арсими ќе оди без Петар Митревски.

Кожуф в недела ќе гостува во Радовиш кај Детонит Плачковица, а на овој меч тимот од Гевгелија ќе биде без Сашо Дуков и Никола Сарески кои имаат по пет жолти картони, а пак Македонија ЃП на домашен терен ќе игра против Вардарски, но на овој меч за „лавовите“ нема да настапат Ѓорги Стоилов и Јован Попзлатанов.

Натпреварите од 21. коло ќе се играат в недела од 15 часот, а ваквата промена од сабота во недела доаѓа поради репрезентативната пауза.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!