Трета лигаФудбал

Кајмани со убедлива победа, Котевски обезбеди три бодови за Напредок, реми на Доброшти и Љуботен!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Денес беше комплетирано 13. коло во Трета лига – Запад со три натпревари.

Џепчишти на домашен терен со 2:6 забележа висок пораз од тимот на Камјани. За домашниот тим стрелци беа Едис Муртезани и Арсим Зубери, а пак за гостинскиот тим двојни стрелци беа Рамадан Шерифи и Арлинд Берзати, а по еден гол постигнаа Ибраим Јусуфи и Ивица Костадиноски.

Натпреварот меѓу Доброшти и Љуботен заврши без победник, но и без голови (0:0) за поделба на бодовите.

Во Брвеница беше постигна само еден погодок, Младен Котевски во 53. минута го реши натпреварот за триумф на поранешниот прволигаш Напредок од 0:1 против домаќинот Вардар.

ФОТО: Пларент Салихи главен судија на натпреварот со помошните судии Александар Ѓорѓески и Илчо Пауноски со контролорот Музафер Исмаили, Вардар Брвеница – Напредок

Претходно, како што информираше Спортска Мрежа екипата на Влазерими со 0:3 славеше против Зајази, Дрита пак со 2:1 ја доби Ренова, а како што веќе информиравме оваа коло беше докомплетирано откако истото беше отворено на 30. ноември минатата година кога Тетекс со минимални 1:0 ја доби Речица.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ТЕТЕКС 1953 12 10 2 0 33 7 +26 32
2 ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 12 10 1 1 37 10 +27 31
3 ФК ФЦ ЏЕПЧИШТИ 1996 12 8 0 4 34 22 +12 24
4 ФК ДРИТА 94 12 7 1 4 21 15 +6 22
5 ФК ДОБРОШТИ 12 6 2 4 31 27 +4 20
6 ФК ВЕЛАЗЕРИМИ с.Слатино 12 5 2 5 23 27 -4 17
7 ФК КАМЈАНИ 12 4 1 7 30 36 -6 13
8 ФК ВАРДАР 2022 с.Брвеница 12 4 1 7 15 27 -12 13
9 ФК НАПРЕДОК АД 12 4 1 7 16 30 -14 13
10 ФК РЕЧИЦА 12 4 0 8 14 19 -5 12
11 ФК ЉУБОТЕН 12 3 2 7 16 22 -6 11
12 ФК ЗАЈАЗИ 12 3 1 8 10 27 -17 10

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!