Прва лигаФудбал

ФК Силекс со соопштение: Никој од нашиот клуб не договорил ниту поканил навивачи на Вардар!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Силекс објави соопштение после објавата на „Комити“ дека добиле покана од управата на кратовскиот прволигаш да бидат на стадионот и да го поддржат Вардар од трибините.

„Комити“ како гостинска навивачка група не беа пријавени од страна на управата на Вардар, а потоа „Комити“ преку соопштение информираа дека имаат договор за нивно гостување во Кратово.

Сепак, од фудбаслкиот клуб Силекс преку соопштение споделија повеќе информации.

„По разните шпекуалции и соопштенија од поединци и групи, сакаме да ја известеме јавност пред утрешниот дерби натпревар помеѓу екипите на ФК Силекс и ФК Вардар. ФК Силекс, ниту било кое официјално лице од нашиот клуб не договарано, ниту покането било кого, а посебно не навивачи ии навивачки групи на ФК Вардар. Ја користиме оваа прилика да ја поканеме управата на клубот Вардар и сите навивачи на двата клуба да дојдат и да во мирна и спортска атмосфер аго проследниме овој натпревар“, се вели во соопштението на ФК Силекс.

Натпреварот се игра утре со почеток од 14 часот во Кратово, а во рамки на 23. коло на Првата лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски ги откри картите за Шкотска: Македонија со офанзивно трио на „Хампден парк“

Познати се стартните состави за вечерашната пресметка меѓу Шкотска и Македонија во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи триумф од 37:26 со што битолчани стигнаа до својата осма сезонска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!