Втора женска фудбалска лигаФудбал

Вардар го „уништи“ Борец на „Цементарница“ – пет гола на Јанковска!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Вардар како на тренинг натпревар со убедливи 9:0 го декласираше во целост Борец, во воведниот меч на 9. коло на Втората женска фудбалска лига.

Девојките на Теодора Димитровска беа повеќе од убедливи и доминантни на „Цементарница“ во меч каде искусната Теодора Јанковска постигна пет погодоци.

Двоен стрелец на мечот беше Матеја Анчевска, а по еден гол постигнаа Ива Новак и Елена Костадиноска.

Колото се комплетира утре со останатите три натпревари. Лидерот Кочани на домашен терен ќе игра со Порече Билјанини Извори ќе биде домаќин на Плачквица, Победа Валандово на домашен терен против дебитантот Слободен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски ги откри картите за Шкотска: Македонија со офанзивно трио на „Хампден парк“

Познати се стартните состави за вечерашната пресметка меѓу Шкотска и Македонија во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи триумф од 37:26 со што битолчани стигнаа до својата осма сезонска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!