Денес започна големиот Меѓународен турнир во пинг понг „Зегин Опен 2024“, а на првиот натпреварувачки ден доминираа ветераните. Ветераните со натпреварите преку кои покажаа дека страста за пинг понгот не познава години го отворија овогодинешното издание на „Зегин Опен 2024“.
Забава, позитивна енергија и дружба, одлична атмосфера на секоја маса, борба до последен здив за поен повеќе.
Берово овој викенд ќе живее во знакот на пинг понгот како спорт, а утре „Зегин Опен 2024“ продолжува со професионалците кои ќе прикажат одлични натпревари за големо задоволство и уживање на публиката во салата „Македонски Бранители“ во Берово.
Спортска Мрежа медиумски го поддржува овој спортски настан, а утре од Берово ќе ви ја доловиме атмосферата на овој голем Меѓународен турнир во пинг понг на кој учество ќе земат 177 натпреварувачи од Македонија, Аргентина, Косово, Бугарија, Нигерија, Киргистан, Србија, Турција, Украина, Грција, Германија, Хрватска и Белорусија.
ПР Текст