Трета лигаФудбал

Трето полувреме на мечот меѓу Башкими 2008 и Младост од Кривогаштани

Сподели
Сподели

Трето полувреме на натпреварот меѓу Башкими 2008 и Младост од Кривогаштани, кој се одигра на 9. март, а во рамки на 15. коло на Третата македонска фудбалска лига – Југ.

Овој натпревар заврши со минимална победа за екипата на Башкими 2008 кој на теренот во населба Чашка со голот на Зани Ахмедовски во 73. минута забележа победа од 1:0.

Но, по натпреварот двајца фудбалери од двете екипи пријавиле дека се физички нападнати.

„На 09.03.2025 во 21.10 часот во Полициската станица Крушево, В.П.(30) од Крушево пријавил дека околу 15.35 часот за време на одигрување на првенствен фудбалски натпревар од Трета лига Југ на стадионот во населба Чашка помеѓу екипите на ФК Башкими 2008 од Горно Јаболчиште и ФК Младост 1930 од село Кривогаштани, тој како играч на ФК Младост 1930 бил физички нападнат од В.Ј.(29 год) од Горно Јаболчиште – играч на домашната екипа ФК Башкими 2008. Во врска со настанот, на 10.03.2025 во СВР Велес и В.Ј. пријавил дека за време на натправерот бил физички нападнат од В.П“, велат од СВР Велес.

Во официјалниот записник од натпреварот стои дека во 81. минута од натпреварот фудбалерот со број 16 на домашната екипа добил црвен картон, а причината за доделување на истиот како што е наведено во самиот записник е поради насилничко однесување, односно намерно удирање на шамар на фудбалерот број 3 од гостинската екипа.

Се превземат мерки за расчистување на случајот.

Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија ќе биде домаќин на евро-квалификациите за одбојкарки до 20 години – Стојанов повика 19 репрезентативки!

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов го објави поширокиот список на репрезентативки на кои ќе смета за јануарските...

Кошарка

Гостивар и Вардар во дерби за врвот, Феникс 2010 го брани лидерското место!

Возбудувањата во Првата македонска кошаркарска лига продолжуваат викендов со натпреварите од шестото коло, во кое ќе се одиграат седум средби во двете натпреварувачки...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!