ТурнириФудбал

ВИДЕО: Јанг Тим од Струга со големи резултати на силен Меѓународен турнир во Барселона!

Сподели
Сподели

Фудбалската академија Јанг Тим од Струга направи големи резултати на силниот Меѓународен турнир во Барселона „Fit Promises Edition 25“, каде учествуваа многу силни гиганти меѓу кои Валенсија, Бенфика, Олимпик Марсеј, Виљареал и други фудбалски гиганти.

Јанг Тим успешно ја помина групата фаза со одлични резултати зад себе, а со големиот фудбалски гигант од Франција, Олимпик Марсеј, екипата на Јанг Тим одигра реми без погодоци 0:0.

После групната фаза Јанг Тим со генерација 2013 беше елиминиран од големиот фудбалски гигант од Португалија, екипата на Бенфија.

Уште еден голем успех за Јанг Тим кој е предводен од искусни и лиценцирани тренери Сеит Крера и Милот Лена, што само по себе говори дека оваа фудбалска академија работи одлично и има големи резултати од Меѓународните турнири.

Дополнително, изминатиот период беа поставени и рефлектори на теренот во Мороишта, струшко, каде што работи Јанг Тим со што се овозможуваат услови за тренинг и работа и во вечерни термини, а заложбите на Јанг Тим се академијата да расте и да биде уште подобра.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup,...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!