Трета лигаФудбал

Започнува пролетниот дел во Трета лига – Исток: Слога Виница без проблеми ќе игра бараж, Овче Поле гостува во Зрновци!

Сподели
ФОТО: АРХИВА - пријателски натпревар на Слога Виница во Дојран против Вардар Неготино
Сподели

Овој викенд ќе започне проелтната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток со натпреварите од 10. коло. Слога Виница е на врвот од табелата и многу лесно ќе го потврди првото место и со тоа ќе заигра во баражот за можен влез во Втората македонска фудабслка лига.

Тимот до Виница кој го предводи искусниот стратег Емил Грнев е со десеттина класи по квалитет над сите останати проблеми и без проблеми Слога ќе се прошета низ Трета лига – Исток во пролетниот и ќе стане шампион, а потоа ќе игра бараж за Втора лига.

Пролетниот дел Слога Виница го отвара против Малеш од Берово на домашен терен, Овче Поле ќе гостува кај Светлост во Зрновци, на стадионот „Кукуш“ соочување на екс прволигашот Турново против Дојранско Езеро.

Во Делчево ќе се сретнат Брегалница и струмичка Тиверија, додека пак во Пирава силите ќе ги одмерат Ударник и Карбинци.

Сите натпревари од првото пролетно коло ќе започнат во 14:00 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

На 23 март започнува пролетниот дел во Општинската фудбалска лига во Охрид

На 23 март започнува пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига во Охрид или Четвртата лига по ранг на натпреварување, со натпреварите од 10....

РакометРакометна репрезентација

Македонија одлично отвори, но сепак загуби од Словенија во Скопје со шест гола разлика!

Со прво одлично и второ лошо полувреме, Македонија загуби од Словенија во Скопје со 26:32 во рамки на квалификациите за Европското првенство кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

На 23 март започнува пролетниот дел во Општинската фудбалска лига во Охрид

На 23 март започнува пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига во Охрид...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Тиверија Брера од Струмица врши уписи на девојчиња од 6 до 15 години

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера од Струмица врши уписи за девојчиња од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!