Втора лигаФудбал

Поранешните прволигаши Борец и Победа во директно соочување за опстанок во Втора лига

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Денес на Градскиот стадион во Велес ќе се соочат екс прволигашите Борец и Победа, но овој пат во дерби дуел од дното на табелата и дерби за опстанок во Втората македонска фудбалска лига.

Два фудбалски бренда кои со години се мачат и се далеку од резултатскиот ритам, од успесите и од борбата за Европа и тулата во Првата лига. Борец кој од Прва лига испадна во Втора лига, потоа експресно испадна и во Трета лига – Југ, ова се зона се врати во второлигашкото друштво, но тимот сезонава ќе води борба за опстанок.

Низ случна судбина поминува и Победа, која пред две сезони испадна од Прва лига, а лани пак преку бараж совладувајќи го шампионот на Трета лига – Север, Куманово, се избори за опстанок.

Токму Победа многумина ја отпишуваа од таа борба за опстанок, а со оглед на тежината на тој меч, а на крајот и големата радост на стадионот во Ѓорче, прилепчани сезонава сакаат директен опстанок, со цел да го избегнат тој бараж бидејќи баражите ќе бидат исклучително тешки бидејќи има конкуретни екипи како Слога Виница, Влазерими, Шкендија Арачиново…

Двете екипи пролетниот дел го отворија со ремија и поделба на бодовите, Борец одигра 1:1 против Башкими во Куманово, Победа дома 0:0 против Брегалница, интересно и двете екипи откинаа бодови од фаворити за Прва лига.

Борец со триумф ќе ја напушти по првпат опасната зона и ќе може да влезе во бараж зоната, ако Осогово загуби на „Железарница“ во Автокоманда од Скопје. Победа, пак, се надевам на позитивен исход, бидејќи со триумф припчани може да се вратат на 12. место, но сериозно ќе направат исчекор и ќе се одлепат од опасната зона.

Тежината на овој меч е голема, психолошкиот притисок е голем и на двете страни, а тоа го прави овој меч да биде дерби соочување на два екс прволигаши во битката за опстанок во Втора лига.

Еве како изгледа табелата пред почетокот на натпреварот Борец и Победа, односно воопшто пред почетокот на 17. коло.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 16 13 2 1 32 5 +27 41
2 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 16 10 4 2 23 11 +12 34
3 АД ФК Башкими 1947 Куманово 16 10 3 3 25 13 +12 33
4 ФК АРЕСИМИ-1973 16 10 2 4 28 15 +13 32
5 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 16 6 8 2 20 13 +7 26
6 ФК СКОПЈЕ АД 16 6 7 3 21 13 +8 25
7 ФК КАМЕНИЦА САСА 16 7 4 5 27 21 +6 25
8 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 16 7 3 6 21 18 +3 24
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 16 5 8 3 18 14 +4 23
10 ЗФК НОВАЦИ 2005 16 5 4 7 17 15 +2 19
11 ФК БЕЛАСИЦА АД 16 4 7 5 15 19 -4 19
12 ГФК ВАРДАР Неготино 16 5 2 9 22 29 -7 17
13 ФК ПОБЕДА АД 16 4 3 9 20 26 -6 15
14 ГФК ОСОГОВО 16 2 2 12 14 35 -21 8
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 16 1 3 12 8 30 -22 6
16 ФК ВАРДАРСКИ 16 1 2 13 12 46 -34 5

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!