Трета лигаФудбал

Борец е на врвот во Трета лига – Југ, ќе гледа ли Велес второлигашки фудбал следната сезона?

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Велешки Борец е на врвот на табелата во Трета лига – Југ со 40 бодови на своето конто со учинок од 13 победи, едно реми и еден пораз од 15 одиграни натпревари. Некогашниот прволигаш од Велес кој лани испадна од Втора лига има шест бодови повеќе од Превалец кој е втор, со тоа што има и меч повеќе.

Со по 31 бод екипите на Ултрас и Венец од Долни Дисан го делат третото место на табелата, а другите екипи имаат посериозна бодовна разлика од петтата позиција надолу.

Борец зависи сам од себе на патот кон баражот за Втора лига во обид да направи експресно враќање во Втора лига и следната сезона да има второлигашки фудбал на Градскиот стадион во Велес.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ТРЕТА ЛИГА – ЈУГ:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК БОРЕЦ 1919 АД 🔼 15 13 1 1 53 9 +44 40
2 ФК ПРЕВАЛЕЦ 🔽 14 11 1 2 53 11 +42 34
3 ФК УЛТРАС ➖ 15 10 1 4 64 26 +38 31
4 ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан ➖ 15 10 1 4 37 22 +15 31
5 ФК РОСОМАН-83 ➖ 15 7 3 5 29 30 -1 24
6 ФК ПИТУ ГУЛИ ➖ 14 7 2 5 27 19 +8 23
7 ФК БАШКИМИ 2008 🔼 14 5 3 6 25 18 +7 18
8 ФК Бучин 🔽 15 4 3 8 18 38 -20 15
9 ФК МЛАДОСТ 1930 🔽 14 5 0 9 21 52 -31 15
10 ФК ТОПОЛКА 🔼 15 4 2 9 22 32 -10 14
11 ФК МЛЕКАР 🔽 15 4 1 10 21 36 -15 13
12 ФК Влазними Јуниор 🔽 15 4 1 10 19 44 -25 13
13 ФК ДРЕНОВО 2016 ➖ 12 0 1 11 12 64 -52 1
14 ФК СЛОГА 1976 ➖ 0 0 0 0 0 0 0 0



Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Радовиш убедлив против Текстилец преку деветте гола на Васе Петров, Вардар Неготино го „прегази“ Партизан

Шестото коло на Првата ракометна лига донесе убедливи победи, голем број на погодоци, но и промена на табелата. Ланскиот суперлигаш Радовиш забележа убедлива...

Останато

Кристиан Ристески: Ова претставува огромна чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност за сите нас

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД денес ќе дебитира во Лигата на шампиони, а прв предизвик ќе биде првакот на Холандија, Орион Старс. Крушевскиот...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Полет со сигурна победа над Вардар Бистренци, Младост и Лозар ги поделија бодовите

Екипата на Полет од Тремник забележа сигурна победа на гостувањето кај Вардар...

ФудбалФутсал

Бутел го „прегази“ Клими, со пет гола Форца го декласираше Јувентус Серава

Бутел однесе убедлива победа над Клими триумфирајќи на домашен терен со 6:0...

Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!