Трета лигаФудбал

На 2. март стартува пролетниот дел во Трета лига – Југ: Големо Коњари и Превалец најавуваат отворени амбиции за Втора лига!

Сподели
Превалец - Младост Кривогаштани
Сподели

На 2. март ќе биде означен стартот на пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Југ, со натпреварите од 14. коло.

Борбата за првото место и баражот за можен влез во Втора лига ќе биде неизвесен. Лидерот Големо Коњари има отворени амбиции да го сочува првото место и со тоа да дојде до баражот, откако минатата сезона, Големо Коњари беше есенски шампион, на сепак на крај Борец стигна до првото место.

Покрај Големо Коњари со отворени амбиции е и екипата на Превалец. Овие две екипи промовираа по неколку квалитетни засилувања. Екипата на Башкими 2008 е второто место има бодови со кои тимот сигурно е дека ќе конкурира за првото место.

Ќе има обиди и од сенка од втор пат и на други екипи, па тоа прави пролетниот дел во Трета лига – Југ да биде неизвесен и атрактивен.

Во рамки на првото пролетно коло лидерот Големо Коњари на домашен терен ќе се соочи со Питу Гули од Крушево, Слога Лажани на домашен терен ќе игра со екипата на Дреново, Венец во Долни Дисан ќе го пречека тимот на Влазними Јуниор.


Поранешниот второлигаш Росоман на домашен терен ќе се соочи со Башкими 2008, во Кривогаштани соочување на Младост и Ултрас, а пак Превалец оди на мегдан со Бучин.

Како што е познато во овој регион од 14 екипи останаа 12, односно Марена се откажа пред почеток на сезоната, а пак Обршани подоцна во текот на есенскиот дел се откажа од понатамошно натпреварување.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииОстанато

Одличен настап на македонските атлетичари: Сребро и рекорди на Балканското првенство во Романија У20

Македонските атлетичари до 20 години имаа успешен настап на Балканското првенство во Романија, каде што освоија сребрен медал, поставија нов младински национален рекорд...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Втор пораз на македонските кошаркарки У18 од селекцијата на Бугарија на вториот контролен дуел

Женската јуниорска репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз на контролните натпревари против Бугарија, откако во денешниот дуел во Ботевград домаќинот славеше...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Прволигашот Арсими се засили со Матео Софијаноски

Прволигашот Арсими го претстави дефанзивниот играч за врска Матео Софијаноски како најново...

Прва лигаФудбал

ФОТО: Силекс се подготвува во Кратово за реваншот против Динамо Минск

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Силекс продолжува да се подготвува...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Еуромилк ГЛ ги претстави Стојчески, Дамевски, Смиљков и Маркулев

Повратникот во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Еуромилк ГЛ продолжува со...

Трета лигаФудбал

Бурим Алиев го засили амбициозниот третолигаш БВК Коњаре

Третолигашот БВК Коњаре продолжува да гради силен ростер со кој ќе атакува...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!