Ракомет

Радовиш склопува „страшен“ тим: Промоција на Кочаров, Адамовиќ, Сантош, Цветковски!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Суперлигашот Радовиш гради тим со кој не само што би можел да има директен опстанок во Суперлигата, туку и да биде на повисоко место во плеј-аутот, а тоа што го најавуваше Спортска Мрежа изминатиот период се остварува.

Конечно во клубот дуваат позитивни ветриша и се создава квалитетен тим со кој Радовиш од следната сезона ќе има многу повисоки цели.

Како што најави Спортска Мрежа, ново засилување е Бразилецот Александер Антонио Сантош, кој сега клубот официјално го промовираше, а нови засилувања се и Стефан Кочаров и Петар Цветковски.

Дополнително, Спортска Мрежа го најавува и новото засилување Лазар Адамовиќ, кој доаѓа од Струга.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, Сантош пристигна од екипата на косовскиот шампионат, Цветковски доаѓа од Бутел, а пак Кочаров од косовскиот тим Вјоса.

Претходно, тимот ги врати искусните Ивица Илиев и Славјан Паунов од Борец ФЛ, како и кружниот напаѓач Томче Трајчевски, кој пак дојде од редовите на Прилеп.


Радовиш има далеку поквалитетен тим во однос на првиот дел од сезоната и речиси сигурно е дека тимот ќе успее да го обезбеди опстанокот.

Веќе утре екипата на Радовиш ќе гостува во Велес, но тимот се подготвува за најважното а тоа е борбата во плеј-аутот.


Како што дознава Спортска Мрежа, тимот ќе биде значително засилен и со уште едно до две странски засилувања кои треба да пристигнат со што Радовиш значително го подига квалитетот во своите редови.

Младите тренери Спасе Ѓоргиев и Александар Долдуров на располагање ќе имаат квалитетен ростер на играчи, управата на клубот имаше повеќе тежок период клубот да го врати на вистинските патеки, конечно да дојдат убави денови за ракометот во Радовиш и одново Радовиш да биде стабилен суперлигаш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Баскет Дино со три од три на врвот во Аматерската лига – следува дерби со непоразената Шар Планина!

Кошаркарите на Баскет Дино од Кочани продолжуваат со одличните настапи во Аматерската лига, откако во третото коло забележаа нова убедлива победа и го...

Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен кандидат за првото место пред зимската пауза. Со 28 бода има...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!