Читателите на Спортска Мрежа имаа можност да гласат во изборот за тренер на колото за 16-тата рунда на Втората македонска фудбалска лига.
Редакцијата на Спортска Мрежа ги номинираше Вилдан Салиу (тренер на Арсими), Горан Тодорчев (тренер на Вардар Неготино) и Бобан Грнчаров (тренер на Македонија ЃП) за тренер на колото.
Имавте можност да гласате заклучно со денес, 20 часот за овие три предложени тренери во изборот за тренер на 16. коло во Втората македонска фудбалска лига.
Читателите го избраа Горан Тодорчев, тренерот на Вардар Неготино, да биде тренер на 16. коло во Втората македонска фудбалска лига. Тодорчев имаше 1682 гласови или 65,37% од гласовите, Вилдан Салиу имаше 824 гласови или 32,02%, а пак Бобан Грначаров имаше 67 гласво или 2,6%.
Вие читателите на Спортска Мрежа одлучивте Горан Тодорчев, тренерот на Вардар Неготино, да биде тренер на 16. коло во Втората македонска фудбалска лига.
- РЕЗУЛТАТИ ОД ГЛАСАЊЕТО НА ЧИТАТЕЛИТЕ НА СПОРТСКА МРЕЖА: