Втора женска фудбалска лигаФудбал

Фаворитот Кочани отвара против Билјанини Извори, дебитантот Слободен против Порече

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Викендот ќе започне новата сезона во Втората женска фудбалска лига во која учество ќе земат осум екипи, од кои една е дебитант.

Од минатата сезона остануваат екипите на Кочани, Билјанини Извори од Охрид, Вардар, радовишка Плачковица, Победа Валандово, Борец, Порече од Македонска Брод и дебитантот Слободен.

Во рамки на првото коло дебитантот Слободен ќе се соочи со Порече, Победа Валандово дома ќе игра со Борец, Вардар кој лани не го помина баражот за Прва лига ќе игра со Плачковица, а пак фаворитот за првото место оваа сезона екипата на Кочани ќе гостува во Охрид кај Билјанини Извори.

Како и во минатата сезона шампионот обезбедува директно место во Прва лига, а пак второпласираната екипа ќе игра бараж за влез во Прва лига против екипата која ќе заврши на деветтото место во фудбалската елита на Македонија.

Минатата сезона шампион во Втората лига беше Атлетико од Битола, кој без пораз се врати во Првата лига, а пак Вардар како втор играше бараж и загуби од прволигашот Топ Гол, кој го избори опстанокот во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Иљами Исејни го објави списокот на фудбалери за двата контролни дуели со Кипар U16

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години на 9 и 11 декември ќе одигра две контролни средби против своите врсници од Кипар. Двата меча...

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!