Ракомет

Алкалоид славеше на гостувањето кај Бриксен и направи чекор кон четвртфиналето!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Ракометниот клуб Алкалоид забележа убедлива победа на гостувањето во Италија, совладувајќи го тимот на Бриксен со 44:32 (23:18) во првиот натпревар од осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп.

Тимот предводен од легендарниот Кирил Лазаров прикажа одлична игра во текот на целиот меч, контролирајќи го резултатот од самиот почеток па се до крајот. Алкалоид брзо создаде предност во првото полувреме, наметнувајќи силен ритам и агресивна одбрана што го остави противникот без решение. Во првиот дел голманите имаа одлични одбрани Кизиќ имаше осум одбрани, Галевски фати два пенали и со тоа заминаа на полувреме со пет разлика.

Во вториот дел прикажаа сигурна одбрана и одличен напад со што веќе јасно беше дека тимот на Кирил Лазаров цели кон сигурна победа. Најдобар стрелец во тимот на Алкалоид беше Марко Митев со седум и Игор Ѓоргиев исто така со седум гола, додека пак Мартин Серафимов и Александар Петковски постигнаа по шест гола.

ФОТО: РК Алкалоид

Во тимот на Бриксен се истакнаа Де Оливеира Кандидо со осум и Арчиери со седум гола. Реванш натпреварот помеѓу Алкалоид и Бриксен се игра во Скопје во салата „Автокоманда“ на 22 Февруари. Останува да видиме дали момците на Кирил Лазаров ќе успеат да ја завршат работата на домашен терен и да продолжат со победничката низа во ЕХФ Европскиот куп.

Виолета Јанчева за Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое е последно за есенската полусезона, а со тоа да го имаме...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс кој ќе биде фаворит во рамки на последното есенско коло на...

Поврзани написи
Ракомет

Мулти Есенс со убедлива победа над Драчево Јуниор

Екипата на Мулти Есенс стигна до 11-тата сезонска победа во Првата ракометна...

Ракомет

Алкалоид пресилен за Радовиш, Бутел се враќа во трка за плејоф, Прилеп со трет триумф

Ново суперлигашко коло донесе убедливи победи, драматични финиши и големи индивидуални партии....

Ракомет

Македонија ЃП го покоси Вардар среде Неготино и го оддалечи од Суперлигата!

Македонија ЃП приреди вистинско изненадување и среде Неготино го совлада фаворизираниот Вардар...

Ракомет

(ВИДЕО) ИСТОРИЈАТА Е ИСПИШАНА: Младост од Богданци е есенски шампион без пораз!

Ракометниот клуб Младост од Богданци испиша нова златна страница во својата богата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!