ФудбалФудбалска репрезентација

Редовен семинар за комесари за безбедност на клубови од Прва и Втора лига

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Комисијата за безбедност и сигурност и Одделот за безбедност и интегритет при Фудбалската федерација на Македонија, на 8 и 9 февруари, во хотел „Сириус” во Струмица го одржаа редовниот семинар со комесарите за безбедност на клубовите кои настапуваат во Прва и Втора МФЛ пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.

На работилницата се дискутираше за различни теми кои се од големо значење за домашниот фудбал. Присутни беа и претставници на Министерсвото за внатрешни работи.

Главната тема на работилницата беше безбедноста и заштитата на интегритетот на фудбалските натпревари.

„Целта на овој семинар е подобро меѓусебно запознавање и комуникација на комесарите на клубовите со полицијата. На обуката беа презентирани конкретните мерки и активности за организирање на фудбалски натпревар во делот на безбедноста и сигурноста пред, за и по завршување на натпреварот. Анализирајќи го првиот есенски дел од сезоната, можеме да заклучиме дека инцидентите во продолжението од сезоната (пролетниот дел) треба да се намалат, а инфраструктурата на стадионите да се подобри. Комесарите за безбедност требаа да имаат професионален и објективен пристап при донесувањето на своите одлуки. Во продолжението на сезоната, претставниците на клубовите за безбедноста треба поодговорна и попрофесионално да ги организираат натпреварите. Да поднесуваат навремено информации за натпреварот во делот на организацијата кога клубот е домаќин. Што се однесува до гостинските натпревари, навремено да достават информација до полицијата околу патуването на навивачката група и бројот на навивачи. Голем проблем кај комесарите за безбедност претставува и немањето на ингеренции околу донесувањето на одлуки за превземање на мерки што произлегуваат од законот и правилникот за безбедност и сигурност, посебно во делот на инфраструктура и одредување на лица што се одговорни за безбедноста за време на натпреваротиte. Комесарите за безбедност треба  да ја подобраат соработката и комуникацијата со своите навивачи и своето раковоство“, рече Зоран Саздов, член на Комисијата за безбедност и одделот за безбедност и интегритет.

Семинарот се одржа изминатиот викенд на 8. и 9. февруари, за што тогаш информираше Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Без значајни промени во Втора лига – најмногу доби Осогово, Тетекс го стигна Кожуф!

Нема промени во врвот на Втората лига по одиграното 20. коло –...

ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!