Ќе дојдат ли конечно добри денови за прилепската фудбаслка гордост Победа, клуб кој е фудбалски бренд во Македонија, но со години се мачи и одвај се одржува дури и во Втората лига.
Во сезона 2022/2023 Победа имаше катастрофални резултати и испадна од Првата лига, за да веќе следната сезона или ланската сезона Победа преку бараж се спасува од испаѓање и од Втора во Трета лига – Југ, со тоа прилепчани го избегнаа сценариото на Борец, кој кога испадна од Прва во Втора лига, потоа испадна и во Трета лига – Југ, но по една сезона велешани се вратија во Втора лига, но и сега мака мачат кога е во прашање опстанокот.
Победа имаше повеќе среќа во однос на Борец, со тоа што лани Победа триумфираше во баражот со 2:1 на стадионот во Ѓорче против шампионот на Трета лига – Север, екипата на Куманово и со тоа Победа остана во Втора лига.
Но, какода не ја научи Победа лекцијата од минатата сезона и сезонава е на „тенок мраз“ кога е во прашање опстанокот, бидејќи со 14 бодови е на 12. место на табелата, но нема голема бодовна разлика од бараж зоната или опасната зона. Сепак, според информациите на Спортска Мрежа, но и информации кои кружат во фудбалските кругови во Победа како да се очекува дека ќе дојдат подобри денови, клубот конечно би требало да застане на стабилни и здрави нозе и конечно да се издигне и да се врати таму каде што треба, во Прва лига.
Клубот остана без неколку важни и клучни играчи, кои минатата сезона буквално оставаа срце на терен за Победа, со љубов за клубот кој им значи живот. Замина голманот Антонио Столевски, Давид Јошески, Давид Дебрешлиоски, Никола Талески, Беким Алимоски, Матеј Ѓурчиновски, но има и некои други заминувања, сепак Победа се обиде да најде соодветни замени и се засили со играчи како Младен Љумовиќ, Метин Ќерими, Петар Петровски, Каба Јусуф, голманот Иван Николоски, Исмаил Бектеш, Јасин Казимоски и Филип Димоски.
Се очекува уште некои играч да биде регистриран и во пролетната полусезона да биде дел од Победа со цел клубот да ја оствари својата цел – тоа е опстанокот во Втората лига.
Неофицијално, како што кружат информации во фудбалските кругови во управата на Победа ќе има промени, се најавуваат и спонзори и со тоа клубот конечно да застане на стабилни нозе? Останува да видиме што од ова во следниот период ќе се покажа како точно.
Пролетната полусезона Победа ја отвара на домашен терен против Брегалница од Штип во меч каде трите бодови им се потребни и на двете екипи. Триумф за Победа во битката за опстанок, а пак триумф за Брегалница во борбата за експресно враќање во Прва лига.