Прва женска фудбалска лигаФудбал

Прволигашот Истатов утре ќе одигра пријателски меч со Машинац во Ниш

Сподели
Сподели

Прволигашот Истатов утре ќе одигра нов пријателски натпревар во рамки на зимските подготовки, но овој пат меѓународен пријателски меч против екипата на Машинац во Ниш, Србија.

Овој натпревар ќе биде уште една можност стратегот Кирил Изов да ја провери формата на своите фудбалерки пред почетокот на пролетната полусезона од Првата женска фудбалска лига, но и предизвиците кои ќе следуваат во Купот на Македонија, каде Истатов е во четвртфиналето и ќе се соочи со екипата на Скопје.

Претходно, Истатов со 1:4 триумфираше над Речица, додека пак имаше пораз од 6:0 од екипата на Љуботен.

Натпреварот меѓу Машинац и Истатов ќе се одигра во Ниш со почеток од 15 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

ФОТО: Доминација на браќата Божидар и Владимир Димитриевиќ во четири тежински категории на „Србија Опен 2025“

Минатиов викенд, клубовите од Македонската Традиционална Теквондо Федерација – „Хва-Ранг ИТФ“ (Лескоец – Охрид), „Мастер“ (Охрид), „Сонкал“ (Мислешево – Струга) и „Ге-Бек“ (Ресен)...

Ракомет

​Матлиески повеќе не е тренер на Тинекс Пролет

Ракометнииот клуб Тинекс Пролет ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе не е шеф на стручниот штаб на скопскиот суперлигаш. Матлиески пристигна во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!