Прволигашот Пелистер од Битола се засили со повратникот Филип Бошковски, кој доаѓа од редовите на Самтредиа во Грузија.
24-годишниот десен бек го напушти Пелистер и се пресели во редовите на Работнички, од каде замина во Грузија, а сега се враќа во Битола.
„Спремен сум за нови предизвици во мојот омилен дрес, здрав сум, и желен за да се докажам во зелено-белиот дрес“, рече Бошковски.
Пелистер пролетниот дел го отвара на домашен терен против Брера Струмица на 16. февруари.