Трета лигаФудбал

Третолигашот Светлост од Зрновци има неколку нови играчи, договорен и првиот пријателски меч!

Сподели
Сподели

Третолигашот Светлост од Зрновци за пролетната полусезона во Третата лига – Исток се засили со неколку нови играчи, со кои сака да го подигне клалитетот, а ќе атакува на што повисок пласман на табелата.

Светлост Зрновци кој е предводен од тренерот Славчо Гиздовски се засили со Дејвид Иванов, Стефан Стефановски и Славче Митовски кои доаѓаат од второлигашот Осогово, потоа со Илија Шуманов од Слога Виница, Филип Арсов од Карбинци, Леон Трајанов и Столе Тодоров кои пристигнаа од екипата на Атлетико 2021, а на голманската позиција Светлост од Зрновци се засилува со Мики Горгиев кој е повратник од ФК Зрновка.

Гиздовски за Спортска Мрежа вели дека ќе бидат одиграни три пријателски натпревари со цел да се провери формата пред почетокот на вториот дел од сезоната. Целта на тимот е да има успешни зимски подготовки и поспремен да влезе во вториот дел од сезоната, во однос на тоа кога летните подготовки ги започна подоцна и тоа се рефлектираше во некоја мера врз резултатите во есенската полусезона.

Првиот пријателски меч кој ќе го одигра Светлост Зрновци ќе биде против екипата на Малеш од Берово, а потоа ќе следуваат уште две контролни средби. Поради заминување во странство Борис Донев го напушти Светлост Зрновци.

Исто така, општина Зрновци се вложува и во подобрување на инфраструктурата на стадионот во општината каде што настапува Светлост, со цел да биде во добра кондиција и во иднина да има подобри услови за тренинг, но и игра. Општината од типот како што е Зрновци е максимално посветена на поддршка на спортот за подобри услови, а ФК Светлост успешно опстојува на фудбалската карта на Македонија, каде шанса добиваат младите играчи, кој преку клубот ќе го истакнат својот потенција и талент за прогрес кон клуб од повисок ранг на натпреварување.

Пролетната полусезона екипата на Светлост ја отвара на домашен терен, а во Зрновци ќе го пречека Овче Поле од Свети Николе, а пролетниот дел ќе започне на 9. март.

Минатата сезона Светлост Зрновци беше шампион во Општинската фудбалска лига во Кочани и како шампион обезбеди место во Третата лига – Исток.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!