Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каменица Саса пресилна за Речица на пријателски меч – Шопска, Јовановска и Димитровска како двојни стрелци!

Сподели
Сподели

Каменица Саса која во пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига ќе води борба за титулата одигра пријателски меч против прволигашот Речица, кој заврши со убедлива победа од 0:7 за фудбалерките од малото рударско гратче.

Ова беше можност за стратегот Зоран Златковски да ја провери формата на фудбалерките пред пролетниот предизвик за атак на титулата.

„Одлична проверка на денешниот пријателски натпревар, креиравме многу шанси, покажавме ефективност пред голот на домаќините! Стоевме стабилно во одбрана и покажавме високо ниво на мотивација и колективен дух кои ќе сакаме да ги прикажуваме во пролетниот дел од сезоната. Сите фудбалерки се трудат да го покажат максимумот и да допринесат за подобра игра и победа на нашиот тим. Дури шест фудбалерки од младинските категории веќе добиваат шанса и први минути во првиот тим што само може да не радува и да сме оптимистички расположени за уште подобра иднина, повеќе победи и поголеми успеси“, велат од ЖФК Каменица Саса.

Во пролетниот дел лидерот Тивеерија Брера, Каменица Саса и шампионот Љуботен ќе ја водат борбата за титулата. Пролетната полусезона Каменица Саса ја отвара дома против Атлетико од Битола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!