Втора лигаПрва лигаФудбал

Охрид славеше против Воска Спорт на „генералката“ пред стартот на пролетниот дел

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

На стадионот „Билјанини Извори“ второлигашот Охрид и прволигашот Воска Спорт ја одиграа „генералката“ пред почетокот на пролетниот дел, меч кој заврши со минимален триумф за Охрид.

Стрелец на единствениот победнички гол за второлигашот беше Ерен Парталко, со тоа тимот предводен од младиот тренер Ромео Кочоски имаше успешна „генералка“ пред стартот на вториот дел од сезоната.

Охрид во пролетниот дел ќе биде во сосема нов лик, ќе настапува со локални играчи од Охрид и околината, како и со играчи од сопствените погони, бидејќи е во горниот дел од табелата не е загрозен оптанокот, а ова е шанса на младите играчи да се докажат, а истите се желни за резултати и докажување на теренот.

Од друга страна, прволигашот Воска Спорт ќе има навистина тежок предизвик да избори опстанок во Првата лига бидејќи е исто така во нов лик за вториот дел.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!