Ракомет

Фаворитите според планот – „Лавиците“ пресилни за Вардар, Чаир доминираше во Штип – десетка за Анчева

Сподели
Сподели

Овој викенд започна Суперлигата во женска конкуренција со мечевите од третото коло на плеј-офот, додека пак плеј-аутот ќе стартува подоцна.

Шампионот Ѓорче Петров воопшто не виде мака против Вардар и во доминатен меч го совлада со 20:36, по катастрофално прво полувреме на „вардарки“ кои постигнаа само седум погодоци. Ивана Дежиќ беше најдобар стрелец со девет гола кај „лавиците“, додека пак кај Вардар најдобра беше Леона Миленковска, исто така со девет реализации.

Астибо не можеше да го запре фаворитот Чаир кој во Штип триумфираше со високи 24:39 и победничките се враќа дома. Ниту десетте погодоци на искусната голгетерка Марија Анчева не беа доволни за штипскиот тим да направи изненадување против фаворитот, додека пак кај Чаир најмногу се истакна Стефанија Ѓеоргиевска со осум гола.

Металург Автокоманда го совлада Куманово на гостински терен со 18:22. Во првиот дел резултатот беше 11:14 за тимот од Автокоманда, но во вториот дел беа постигнати многу малку погодоци или 7:8 за вторите 30 минути.

Сузана Зечевиќ беше најдобра кај Куманово со девет погодоци, а пак кај Металург Автокоманда се истакна Марија Јанкуловска со шест гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Драчево Јуниор пресилен за Шампион, победи за Аеродром и Партизан, Преспа со пораз ја затвори 2025 година!

Екипата на Драчево Јуниор забележа висока победа во рамки на 14. коло...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!