Екипата на Арсими беше поразена со 2:3 од третолигашот Шкендија Арачиново на пријателски меч, кој беше „генералка“ за Арсими со оглед на тоа што Втората лига започнува веќе следниот викенд.
Арсими во пролетниот дел ќе ги напаѓа местата за влез во Првата лига, откако есенскиот дел го заврши на 4. место на табелата во Втората лига, а пролетниот дел Арсими го товара во Струмица против Беласица.
Од друга страна, Шкендија Арачиново без проблеми ќе го потврди првото место во Трета лига – Север, а со тоа и ќе го обезбеди баражот за можен влез во Втората лига.
- ГОЛОВИ ОД НАТПРЕВАРОТ АРСИМИ – ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО, ВИДЕО НА SPORTI SOT: