Втора лигаФудбал

Реми на Победа и Башкими на пријателски меч

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Второлигашите Победа и Башкими одиграа пријателски натпревар со цел брусење на формата за пролетната полусезона која ќе започне на 15. февруари.

Натпреварот заврши без победник со по еден гол на двете страни за конечни 1:1. Победа прва дојде до водство во 15. минута од мечот, а пак Башкими преку новото засилување Фахрудин Ѓурѓевиќ во 38. минута ги постави конечните 1:1.

Двете екипи во пролетниот дел имаат различни цели. Победа сака сигурен и директен опстанок во Втората лига, со цел да не се повтори ланското сценарио кога преку браж се избори за опстанок во Втората лига, совладувајќи го шампионот на Трета лига – Север, Куманово. Од друга страна, пак, Башкими ќе води борба за влез во Првата лига, откако есенскиот дел го заврши на третото место или во бараж зоната со само бод негатива во однос на Брегалница која е втора.

Победа пролетниот дел го отвара токму против Брегалница, додека пак Башкими на домашен терен стартува против Борец од Велес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!