Трета лигаФудбал

ФОТО: Активно се работи на подобрување на условите на фудбалското игралиште во Росоман

Сподели
Сподели

Изминатите денови активно се работи на подобрување на условите на фудбалското игралиште во Росоман за пролетниот дел од сезоната. Се работи на чистење на теренот околу игралиштето, соблекувалните, поставена и ограда со цел да се подобри амбиентот на теренот, а се со цел поранешниот второлигаш Росоман да добие подобри услови на теренот.

„Деновиве напорно се работи на фудбалското игралиште во Росоман. Благодарение на ЈП Комуналец Росоман, исчистен е просторот околу игралиштето и соблекувалните и ставена е ограда за да се подобри амбиентот на теренот. За почетокот на новата полусезона ќе имаме одлични услови за игра и за остварување на добри резултати“, се вели во сооштението од клубот.

Росоман во минатото една сезона настапуваше во Втора лига – Исток, но експресно испадна и сега е дел од Трета лига – Југ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!