Втора лигаПрва лигаФудбал

Кожуф со голот на Сашо Дуков го совлада Тиквеш на пријателски меч

Сподели
ФОТО: ФК Кожуф
Сподели

Второлигашот Кожуф на пријателски меч го совлада прволигашот Тиквеш на Градскиот стадион во Гевгелија со минимални 1:0. Стрелец на единствениот гол беше искусниот Сашо Дуков, кој успешно реализираше од белата точка, а кој всушност погоди против својот поранешен клуб.

Прволигашите и второлигашите влегуваат во финишот од зимските подготовки за вториот дел од сезоната, па пред нив преостанува одигрување на „генералките“ како последен тест за проверка на формата за пролетната полусезона.

Кожуф е во средината на табелата, а вториот дел од сезоната го отвара против Каменица Саса на гостински терен во изменет лик. Што се однесува до Тиквеш, кавадаречкиот прволигаш ќе бара опстанок во Првата лига, а пролетниот дел го отвара против лидерот Силекс во Кратово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди дербито меѓу Влазерими и Караорман, Владимир Ѓорѓиевски главен на средбата меѓу Крошу Спорт и Могила

Викендот се играат мечевите од 9. коло на Трета лига регион 5, а кое коло се отвара утре со мечот меѓу Напредок и...

Кошарка

(ВИДЕО) 30 години од историската победа на МЗТ Скопје над Реал Мадрид – вечерта кога „Лименката“ го сруши шпанскиот гигант!

На денешен ден, 6 ноември, пред точно 30 години, македонската кошарка испиша една од своите најславни страници. МЗТ Скопје Аеродром во незаборавна атмосфера...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!