Втора лигаФудбал

Ќе биде вклучена пошироката јавност за измена на статут и донесување на правилник за работата на ГФК Вардар Неготино

Сподели
ФОТО: ФК Вардар Неготино
Сподели

Од второлигашот Вардар Неготино преку соопштение информираат дека за измената на статутот и донесување на правилник за работа на ГФК Вардар Неготино ќе биде вклучена и пошироката јавност.

„Деновиве во јавноста излезе соопштение од одредени граѓани, кои немаат никаква функција во ГФК Вардар Неготино, дека на ден 03.02.2025 Понеделник во 18.00 часот ќе се одржи годишно собрание на ГФК Вардар Неготино. Во врска со ова ја известуваме јавноста дека утре ќе се одржи јавна расправа за формирање работна група во врска со измена и дополнување на досегашниот статут на ГФК Вардар Неготино. После одржаниот состанок на ден 28.01.2025 со Градоначалникот и Советниците донесени се заклучоци дека за измена на статут и донесување на правилник за работата на ГФК Вардар Неготино да биде вклучена и пошироката јавност на ден 03.02.2025 Понеделник со почеток во 18.00 часот во Општинската сала на Општина Неготино“, се вели во клупското соопштение.
Вардар Неготино пролетниот дел од Втората лига го отвара на домашен терен против Осогово од Кочани, меч кој доколку го добие Вардар Неготино ќе направи голем исчекор кон рано обезбедување на директен опстанок.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!