Втора лигаФудбал

ФОТО: Детонит Плачковица загуби од Вихрен во Сандански, но одигра одличен меч каде беа постигнати пет гола!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Второлигашот Детонит Плачовица од Радовиш денес одигра пријателски натпревар против Вихрен во Сандански, Бугарија, истиот го загуби со 3:2 од бугарскиот тим, но радовишани одиграа одлично, за што и тренерот Горан Здравков е задоволен од мечот, од темпото, од теренот кој бил одличен за игра.

ФОТО: Спортска Мрежа

Стрелци за радовишкиот тим на натпреварот беа Дамјан Масевски и Лука Трајковски, а за Вихрен стрелци беа Пехливанов, Китан Василев и Алекс Тренков.

„Oдличен натпревар, меѓународен пријателски меч, кој го одигравме во Сандански, Бугарија, теренот беше одличен за игра, одлични временски прилики, со добро темпо, одигравме одлично, задоволен сум од залагањето на играчите. Сите играчи добија шанса на денешниот натпревар. Тимот се оформува, ни следува сега генералката против Силекс во Кратово и полека подготвени влегуваме за пролетниот дел од Втората лига“, изјави тренерот Здравков за Спортска Мрежа.

ФОТО: Спортска Мрежа

Пред Детонит Плачковица следува „генералката“ против прволигашот Силекс во Кратово, а пролетниот дел од Вторта лига, екипата на Детонит Плачковица ќе го отвори против Новаци на гостински терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!