ФудбалФутсал

Голема победа за Балкан против СЕЕ Университи – постигнати 15 гола!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Вечерва со воведниот меч од 10. коло започна пролетната полусезона во Втората футсал лига.

Екипата на Балкан преку голем пресврт го совлада СЕЕ Университи во Тетово со 7:8 и победнички ја започна 2025 година и мисијата за обезбедување на место во Првата футсал лига.

Иако на полувреме екипата на Балкан имаше голема негатива од 6:2, сепак во вториот дел се случи голем пресврт, откако тимот на СЕЕ Университи во вториот дел постигна само еден гол, а пак Балкан успеа да постигнат шест гола и да направи комплетен пресврт за конечни 7:8.

За домашниот тим двоен стрелец беше Адис Фетаи, а по еден гол постигнаа Хисен Мемеди, Амин Шаќири, Едис Муртезани, Зеќирија Османи и Гезим Азизи. За тимот на Балкан стрелец на пет гола беше голгетерот Ибрахим Алији, два гола постигна Јусуф Сулејмани, а еден гол постигна Џељал Мјаку.

Утре, Каршиака ќе се соочи со Карадаку, Енхалон ќе биде домаќин на Кратово, Конзули ќе игра со Партизан Југ од Брвеница, а пак ССК против Кораби. В недела, колото ќе се комплетира со мечот меѓу Победа и Мал Ајакс во Прилеп.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Бафто ќе го суди супер-дербито меѓу Љуботен и Тиверија Брера, Пројковска ќе го суди градското дерби во Битола!

Во недела на програмата ќе бидат натпреварите од 17. коло на Првата женска фудбалска лига, а кое коло ни го носи и големото...

Младински фудбалФудбал

Брера Струмица е вистински фудбалски расадник: Повикани 18 играчи во репрезентациите на Македонија!

Брера Струмица е вистински фудбалски расадник, а потврда за тоа е повикот на 18 играчи во репрезентациите на Македонија. Струмичани доминираат со сите...

Поврзани написи
ТурнириФудбал

Фудбалските таленти на ФК Џокер ќе учествуваат на „Златибор Куп“

Фудбалскиот клуб Џокер ќе учествува на познатниот „Златибор Куп“ во Србија, турнир...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Истатов врши упис на девојчиња родени од 2008 до 2014 година

Женскиот фудбалски клуб Истатов врши упис на девојчиња родени од 2008 до...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!