Второлигашот Брегланица од Штип за вториот дел од сезоната во Втората лига се засили со Лука Георгиев. 20-годишникот кој игра на средината од теренот во Брегалница доаѓа од второлигашот Детонит Плачковица, каде во дресот на радовишкиот тим настапуваше во есенскиot дел.
Новото засилување на Брегалница кариерата ја има започнато Осогово од Кочани, а има настапувано и за Брера Струмица.
„Сините“ на Трајче Сенев во пролетниот дел ќе имаат за цел да го сочуваат второто место, кое директно води кон Прва лига, но воедно и да го напаѓаат првото место, што е цел на Брегалница за експресен кам-бек во Првата лига.
Пролетниот дел од сезоната екипата на Брегалница го отвара против Победа, меч на два поранешни прволигаши кој ќе се одигра во Прилеп, односно на Градскиот стадион „Гоце Делчев“.