Трета лигаФудбал

Големо Коњаре се засили со четири играчи, есенскиот шампион ги „запали моторите“

Сподели
Сподели

Есенскиот шампион во Трета лига – Југ, Големо Коњари, за пролетниот дел се засили со четири нови играчи, со кои ќе се обиде да го потврди првото место за освојување на шампионскиот пехар и со тоа обезбедување на баражот за можен влез во Втората лига.

Шпицот Беким Алими и дефанзивецот Филип Кукески во пакет доаѓаат од крушевскиот клуб Питу Гули, есенскиот шампион се засили и со шпицот Ениз Фазлиоски, кој доаѓа од редовите на Слога Лажани, како и со голманот Андреј Димитријески, кој доаѓа од редовите на Ултрас.

Клубот засега го напушит само еден играч, се работи за Ерџан Ибрахими.

Клубот ги започна и подготовките за пролетниот дел од сезоната, ќе бидат одиграни и неколку пријателски натпревари со цел темпирање на формата за вториот дел од сезоната.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!