Ракомет

Алкалоид го совлада Вардар во Автокоманда и најавува силен атак на титулата!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Дефинитивно оваа сезона ќе биде најнеизвесна, најквалитетна и највозбудлива кога е во прашање ракометната Суперлга и борбата за титулата.

Вечерва беше комплетирано првото коло во кое Алкалоид го доби дербито на колото со Вардар со резултат од 33:30, со тоа момците на Кирил Лазаров најавуваат атак на титулата, откако минатата сезона го освоија Купот, а потоа и Суперкупот.

За кратко две големи победи на Алкалоид, откако момците на Лазаров во совладаа Еурофарм Пелистер и го освоија Суперкуот, во Автокоманда падна и Вардар за одличен старт на новата сезона.

Младите играчи на Лазаров покажаа одличен ракомет, покажаа карактер, физичка подготовеност, а тоа е одлична најава за квалитетна сезона.

ФОТО: РК Алкалоид

Алкалоид одигра квалитетен натпревар, брз и модерен ракомет, а главната разлика за победата беше направена во второто полувреме кога Алкалоид влезе во серија и постигна четири погодоци, па со тоа веќе предноста само се одржуваше, а Вардар постојано бараше гол повеќе за да ја стопи таа предност, која на крај беше на плус три за конечните 33:30.

Со по осум погодоци Марко Митев и Мартин Серафимов беа најдобри кај Алкалоид, а пак кај Вардар најдобар беше Милан Лазаревски со шест погодоци, а еден помалк имаше Димитро Хориха.

Во следното коло Алкалоид одново игра на домашен терен против повратникот Радовиш, а пак Вардар ќе биде домаќин на најлијата Борец Фруитленд.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели

Не пропуштајте

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без победник, откако двете екипи одиграа 28-28 во салата „Билјанини извори“. Натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!