Трета лигаФудбал

Петар Ристовски од ФК Венец со најмногу погодоци на стартот од новата сезона во Трета – Југ!

Сподели
АРХИВА
Сподели

Вчера започна новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Југ со натпреварите од 1. коло, но наместо со 14 екипи во новата сезона ќе настапуваат 13 екипи.

Екипата на Марена пред стартот на првото коло го откажа своето учество и нема да се натпреварува во новата сезона 2024/2025, а тоа ќе значи во секое коло по една слободна екипа, па така во рамки на првото коло слободна беше екипата на Обршани, која е повратник во Трета лига – Југ.

Петар Ристовски од екипата на Венес од с. Долни Дисан, која е нов член на Трета лига – Југ е најдобар стрелец со три постигнати погодоци.

На почетокот од новата сезона Бљорент Арифоски, фудбалерот на новајлијата Влазними Јуниор постигна два погодоци.

Во листата на стрелци со по еден гол се запишаа Беким Алимоски од Питу Гули, Васко Димов од Венес, Ваљмир Дурмишов од Башкими 2008, Михаил Јакопетревски од Ултарс, Емир Каришиќ од Слога, Армен Мемедов од Дреново, Мартин Мечев од Ултрас и Александар Чешелковски од Младост од Кривогаштани.

Следниот викенд на програмата ќе бидат натпреварите од 2. коло.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!