ИнтернационалциФудбал

Ристо Танев е нов генерален директор на грчки АЕП од Поликастро!

Сподели
Сподели

Грчкиот клуб АЕП од Поликастро одлучи својот поранешен играч, Ристо Танев, да го назначи за нов генерален директор на клубот.

Танев е легенда на овој клуб, за кој настапуваше во два наврати, тој се враќа во клубот каде имаше одлични успеси, многу погодоци, убави спомени, но сега во нова улога.

Танев е поранешен фудбалер и на Кожуф од каде и ја започна својата кариера настапувајќи во сите категории за клубот, а во младинската категорија две сезони по ред беше најдобар стрелец за клубот од Гевгелија. Танев е и поранешен член на младинските репрезентации на Македонија.

По завршувањето на играчката кариера тој го водеше и Кожуф, беше дел од управата на клубот како спортски директор и успеа клубот да го донесе на вистинскиот пат, во Втората лига, стабилен клуб, со одлични резултати, одлична организациска поставеност, со цел и визија како што треба за еден стабилен клуб.

Танев со големо искуство како играч, со големо искуство како член на управа на еден фудбалски клуб сега ќе треба да го пренесе тоа знаење и во неговиот поранешен клуб од Грција.

АЕП се одлучи Танев да го постави за нов генерален директор, а тој се враќа во средина добро позната за него, клуб и средина кои се неговиот втор дом, каде поминал одлични години и ќе се обиде неговиот поранешен клуб да го изненесе на вистинскиот пат односно клубот да избори влез од Третата во Втората грчка лига, а клубот сега е на второто место со само еден бод негатива во однос на лидерот. 12 години Танев играше фудбал во Грција, а тој беше и првиот Македонец кој станал капитен на грчки клуб. Својата професионална фудбалска кариера Танев ја заврши токму во АЕП од Поликастро.

Танев во сезона 2002/2003 како играч со грчкиот клуб беше шампион, а сега силно верува дека и со новата улога како генерален директор ќе успее да биде шампион и со тоа клубот од следната сезона да биде дел од Втората грчка лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Амбициозниот Охрид ги продолжи договорите со 5 свои ракометари за наредната сезона

Полека, но сигурно,  ГРК Охрид  го склопува тимот за наредната сезона, откако денес ги продолжи договорите со повеќе свои досегашни ракометари. Имено, се...

Останато

Ристески: Покажавме победнички менталитет, време за одмор нема, со мислите сме на мечот со Работнички!

Актуелниот освојувач на одбојкарскиот Куп на Македонија, Штип УГД, синоќа на домашен терен со 3:1 во сетови го доби конкурентот за титулата, актуелниот...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Тиверија Брера од Струмица врши уписи на девојчиња од 6 до 15 години

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера од Струмица врши уписи за девојчиња од...

ФудбалФудбалска репрезентација

ОФС Неготино распиша оглас за прием на нови млади судии и судијки!

Општинскиот фудбалски сојуз Неготино распиша оглас преку кои ќе се врши прием...

ФудбалФудбалска репрезентацијаФутсал

Мартин Тодоровски одигра 100 натпревари за футсал репрезентацијата на Македонија

Мартин Тодоровски испиша историја во македонскиот футсал, откако тој одигра 100 натпревари...

ФудбалФутсал

Нема победник во Ресен: Конзули и СЕЕ Университи ги поделија бодовите!

Синоќа во Ресен се комплетираше 15. коло на Втората футсал лига на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!