Тетовскиот прволигаш Шкендија со триумф го започнува циклусот на одигрување на пријателски натпревари за темпирање на формата за пролетниот дел, откако во струмица на „Благој Истатов“ со 0:4 триумфираше над второлигашот Беласица.
Во првиот дел немаше погодоци, а во вториот дел беа постигна четири погодоци. Клинсман Цаке во 62. минута постигна гол за отварање на резултат во Струмица и водств она тетовскиот тим од 0:1.
Бесарт Ибраими зголеми во 74. минута на 0:2, а во финишот следуваа два брзи гола. Флорент Рамадани постигна гол во 84. минута за 0:3, а две минути подоцна Ибраими со втор гол ги постави конечните 0:4.

Секако дека резултатот е во втор план, бидејќи е период во кој тренерите им даваат шанса на сите играчи, се вклопуваат новите играчи со цел екипите да бидат максимално подгототвени за пролетните предизвици.