Македонскиот интернационалец Даниел Аврамовски ќе го промени клубот, но ќе остане во Турција. Тој заминува од второлигашто Болуспор, но останува во Втората лига на Турција, со тоа ќе го засили тимот на Игдир.
Аврамовски беше одличен во дресот на Болуспор, а постигна девет гола со четири асистенции во тековната сезона.
Болуспор е на 7. место на табелата со 28 бодови, а пак новиот клуб на Аврамовски се наоѓа на 15. место со 25 бодови. Пролетниот дел започнува на 17. јануари.