РакометСветско првенство 2025

Македонија со реми и бод против Унгарија го започна Светското првенство!

Сподели
Сподели

Македонската репрезентација беше на чекор до голем триумф против Унгарија, но на крајот мораше да се задоволи со бод откако одигра 27:27, по 14:14 на полувреме.

Некаде околу 2.500 македонски навивачи Македонија одигра перфектен натпревар и покажа дека македонската репрезентација оди во нагорна линија.

Унгарија отвори со гол преку Илиќ, а потоа Марко Митев постигна гол, а така беше гол за гол до 5:5, кога Македонија дојде до прво водство и тргна Македонија во водств од 6:9, а потоа 8:10, па имавме и 10:13, но на полувреме резултатот беше 14:14.

Во вториот дел продолжи таа неизвесност, таа борба за топка и играта гол за гол. Во последните секунди имавме 26:27, но ја загубивме топката поради пасивен напад со што Унгарците преку Илиќ израмнија на 27:27. На крајот имавме и слободен но Кузмановски не погоди па на крајот се задоволивме со бод.

Кузмановски со десет гола беше најдобар кај Македонија, кај Унгарија се истигна Илиќ со шест гола.

Чешка и Швајцарија одиграа нерешено 17:17, Египет со 39:25 ја декласираше Аргентина, Холандија пресилна за дебитантот Гвинеја со 40:23, а пак Португалија го доби САД со 30:21. Хрватска не виде мака и ја декласираше селекцијата на Бахраин со 36:22. Германија во дербито на колото ја декласираше Полска со 35:28, а пак домаќинот Норвешка изненадувашки загуби од Бразил со 26:29.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи....

Ракомет

Тиквеш покажа карактер и со голем пресврт ги освои бодовите против Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Тиквеш извојуваа исклучително значајна победа во борбата за пласман меѓу...

Ракомет

Ојлески: ,,Заслужено победивме“ – Охрид го шокира Пелистер и ја одбрани својата ,,Тврдина”!

Охрид продолжува да ги изненадува фаворитите оваа сезона. Во 17. коло од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!