Втора лигаФудбал

Горан Симов ќе го спасува Борец од испаѓање во Трета лига!

Сподели
Сподели

Второлигашот Борец кој имаше лоша есенска полусезона и промени двајца тренери во среда ќе ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, во која тимот ќе се обиде да ја оствари својата цел – опстанок во Втората лига.

Клубот конечно назначи нов шеф на стручниот штаб се работи за искусниот Горан Симов, кој ќе ги води велешани кон единствената цел – опстанок во лигата. 49-годишниот стратег успешно ги водеше Силекс, Вардар и Македонија ЃП и има големо искуство, а успешен беше и како фудбалер, па тоа повеќе од јасно е дека Борец има јасни намери да го избори опстанокот и тоа да го направи многу порано, отколку да се мачи до последно коло.

Од клубот се очекува во следниот период да информираат околу планот за подготовки и пријателски натпревари преку кои Борец ќе ја темпира формата за опстанок, бидејќи се наоѓа на претпоследното место со 5 бодови или во зоната за директно испаѓање во Трета лига – Југ.

Подготовките ќе започнат во среда, а во следниот период ќе се очекуваат и првите засилувања со што ќе треба да се подигне квалитетот во тимот ако сака Борец да ја оствари својата цел, поголем дел од играчите остануваат.


Фактот што се назначува искусен стратег како што е Горан Симов ќе значи дека Борец ќе има сериозни намери и цврсто ќе се бори за да обезбеди опстанок во лигата.

Тимот сезоната ја започна со Љупчо Димитковски – Гањо, тренерот кој го внесе Борец од Трета во Втора лига, но во второлигашкото друштво резултатите на Борец беа очајни, па дојде до тренерска промена.

Пристигна младиот Даниел Стојановски, кој собра пет бодови, имаше една победа и две ремија, по што и тој ги собра куферите и замина од клубот, па до крајот тимот беше без тренер.


Борец во есенскиот дел има учинок од една победа, две ремија и 12 порази со најлош напад кој постигна само седум гола на 15 натпревари.

Пролетниот дел Борец ќе го отвори против Башкими на гостински терен, што ќе биде вистински тест за тоа колку велешани се подготвени за опстанок во Втората лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!