Третолигашот Шкендија Арачиново значително го засилува својот тим, откако клубот го промовираше Александар Ѓорѓиески кој доаѓа од редовите на Кожуф од Гевгелија.
Тој носи големо искуство настапувајќи во Првата и Втората фудбалска лига.
24-годишникот низ својата кариера има настапувано за Еуромилк ГЛ, Вардар, Охрид, Борец, Македонија ЃП, Воска Спорт, Детонит Плачковица и последно Кожуф од Гевгелија.
Шкендија Арачиново изгради конкурентен тим, повеќе од јасно е дека без проблем ќе го заврши пролетниот тим и веќе се подготвува за баражот кој води кон Втора лига што е главна цел на тимот.