Младиот македонски голман Стефан Тасев се пресели во Втората бугарска лига, каде ќе настапува за екипата на Дунав Русе. 20-годишниот голман го направи својот прв интернационален трансфер, селејќи се од Тиквеш во Дунав Русе.
Тасев веќе беше промовиран во новиот клуб, а вели дека е среќен што е дел од овој клуб.
„Многу сум среќен што сум дел од Дунав Русе. Многу ми се допаѓа атмосферата во тимот и пречекот од играчите и сите во клубот. Ќе дадам се од себе да се докажам и да му помогнам на тимот. Ми се допаѓа што има многу млади играчи во тимот и верувам дека брзо ќе се вклопам во околината“, рече Тасев.
Дунав Русе се наоѓа на 6. место на табелата со 34 бодови на своето конто, пролетниот дел стартува 14. февруари, а новиот тим на Стефан Тасев ќе се соочи со вториот тим на Лудогорец.