Фудбалскиот клуб Башкими од Куманово продолжува со засилувањата за пролетниот дел од сезоната, имајќи амбициозна цел – директен влез во Првата македонска фудбалска лига. Како ново засилување во редовите на тимот, Башкими го претстави 21-годишниот талент Емир Асани, кој е родом од Куманово и доаѓа од академијата на Шкупи.
Асани има играјно две сезони за Арсими и бил дел од Работнички. Покрај него, Башкими се засили и со Филип Алексовски, Аљбан Мемеди и голманот Амир Јашар.
Во есенскиот дел, Башкими оствари одлични резултати, со 10 победи, две ремија и три порази, што го поставува на третото место со 32 бодови. Тимот е само еден бод зад второпласираната Брегалница од Штип, што ја прави пролетната сезона неизвесна и возбуда за обете екипи за освојување на местото што води во Првата лига.