ИнтернационалциФудбал

Елмас не сака кам-бек во Фенербахче, останува опцијата за враќање во Серија А

Сподели
ФОТО: transfermarkt
Сподели

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас во 2025 година би можел да се пресели во нов клуб поради малата минутажа во германскиот РБ Лајпциг. Една од опциите, турскиот Фенербахче, веќе е исклучена.

Иако постоеше можност Елмас да се врати во Турција, тоа нема да се случи. Според турските медиуми, играчот преку својот агент го информирал раководството на Фенербахче дека нема интерес повторно да го облече нивниот дрес.

Елмас го носеше дресот на Фенербахче во периодот од 2017 до 2019 година. Сега, најверојатна опција за неговата иднина останува италијанската Фиорентина, која покажува голем интерес да го врати македонскиот „дијамантот“ во Серија А, како што пренесуваат дел од италијанските медиуми.

 

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Ибраими со мајсторски гол ѝ донесе победа на Шкендија против Арсими

Фудбалерите на Шкендија запишаа важна победа во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига, откако на домашен терен го совладаа Арсими со минимални...

Трета лигаФудбал

Гостинска победа за Питу Гули, Ултарс со „петарда“ за Росоман, сигурна победа за Борец

Само една гостинска победа во 16. коло на Трета лига – Југ, откако тимот на Питу Гули од Крушево со 0:1 славеше над...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Ибраими со мајсторски гол ѝ донесе победа на Шкендија против Арсими

Фудбалерите на Шкендија запишаа важна победа во 23. коло од Првата македонска...

Трета лигаФудбал

ФОТО: „Лисиците“ убедливи на патот кон Втора лига, три бода за Куманово, нов пораз за Кадино

Лидерот Еуромилк ГЛ забележа уште една убедлива победа, откако овој пат со...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!