Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Младите фудбалери од Македонска Каменица добиваат индивидуални тренинзи од репрезентативката Драгана Костова

Сподели
Сподели

Младите во малото гратче Македонска Каменица сакаат да се занимаваат со спорт, најмногу од нив се млади фудбалери и фудбалерки, а тоа се потврдува и преку ФК Каменица Саса која е стабилен второлигаш, како и преку ЖФК Каменица Саса која е поранешен шампион на Македонија и играше и во Европа, а го има освоено и Купот на Македонија.

Драгана Костова која е репрезентативка на Македонија, актуелна фудбалерка токму на ЖФК Каменица Саса, прва жена тренер на машка екипа на ФК Росоман кога беше во Втора лига – Исток, а сега е дел и од стручниот штаб на македонската женска фудбалска репрезентација на Македонија како тренер каде селектор е Јовица Блажевски.

Токму Костова работи и со индивидуални тренинзи во Македонска Каменица во текот на целта година со младите фудбалери и фудбалерки кои пројавуваат голем интерес за фудбалот.

„Индивидуалните тренинзи ги правам во текот на целата година. Во летниот период кога децата се на летен распуст имав повеќе од 30 деца кој имаа по четири до пет тренинга во неделата. Секој што има потреба и сака да напредува и да биде спремен може во секој момент да започне со индивидуални тренинзи“, вели Костова.

До сега сите дечиња кои работеле и работат со Костова се активни фудбалери или фудбалерки, но вели дека таа е отвора за работа и со дечиња кои би ги направиле првите чекори кон фудбалот.

„До сега сите дечиња се активни фудбалери или фудбалерки, кои покрај тренинзите во своите клубови, додатно доаѓаат и на индивидуални тренинзи кај мене. А секако ако има детенце кое сака да ги направи првите почетоци кај мене, нема никаков проблем, со задоволство. Тренинзите може да се закажат на мојот профил или на профилот што е наменет за индивидуалните тренинзи“, раскажува Костова која има големо искуство во македонски фудбал.

Драгана Костова можете да ја контактирате на Инстаграм профилот каде можете да погледнете како таа ги прави индивидуалните тренинзи.

„Индивидуалните тренинзи се одвиваат на градскиот стадион во Македонска Каменица, помошното игралиште или во училишната сала“, дополнува Костова.

Секое детенце кое сака да започне со индивидуални тренинзи кај Костова, тоа може да го направи во било кој период од годината, а најголем интерес има за време на зимската или летата пауза, кога децата се на распуст и имаат дополнително слободно време кое го користат за усовршување на своите индивидуални перформанси.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!