Второлигашот Башкими од Куманово ги промовираше првите две зимски засилувања за пролетниот дел, станува збор за Аљбан Мемеди, кој доаѓа од редовите на прволигашот Воска Спорт и голманот Амир Јашар.
21-годишниот Мемеди покрај за Воска Спорт има настапувано и за Детонит Плачковица, Лириа во Косово, Шкендија и Милано.
33-годишниот голман Јашар во Башкими доаѓа од тимот на Вуштрија од Косово, а има настапувано и за Гостивар, Влазнија во Косово, Вардар Форино, Тетекс, Скопје, Генч Калемер, Шкупи, Шкендија и Велазерими.
Башкими ги потврдува амбициите за влез во Прва лига, а со ангажманот на Јашар решава големо прашање на голманската позиција бидејќи ангажира искусен голман со меѓународно искуство.
Во следниот период очекуваме уште неколку засилувања во овој тим, кој есенскиот дел го заврши на 3. место во Втора лига.